Џими се вљуби во Прилеп и во Македонија! (ВИДЕО+ФОТО)
Станува збор за Фердинанд, момче кое е родено во Шведска, но со родители од Руанда. Се спријателил со неколку прилепчани и повеќе пати бил во Македонија, како нивен гостин.
Денеска ја искористи можноста да ѝ даде поддршка на Македонија пред дуелот со Португалија на Европското првенство. Најинтересно е тоа што пријателите веќе го прекрстиле и му дале име Џими.
„Од Шведска сум и сега сум навивач на Македонија затоа што таму има прекрасна храна - чорба, ќебапи... Сум бил во Прилеп, имам таму пријатели, девојките се прекрасни. Македонија ќе победи вечерва. Следното лето повторно доаѓам во Македонија“, рече Џими.
Дали ќе ѝ донесе среќа на македонската ракометна репрезентација, ќе видиме вечерва, по дуелот со Португалија.

