Димитриевски и Рајо подобри од Елче за петти триумф во Ла Лига (ВИДЕО)

Рајо Валјекано сезонава игра одлично и се наоѓа на четвртата позиција во Ла Лига, што е вистинско изненадување од нив. Екипата на македонскиот голман Столе Димитриевски денеска беше подобра од Елче со 2-1 по пресврт.

Лукас Боје успеа да го матира Димитриевски по 14 минути игра, но потоа Рајо се разигра и најпрво преку Ернандез израмни на 1-1 во 26. минута, додека триумфот го потврди преку Нтека во второто полувреме.

Тимот на Димитриевски по девет одиграни меча се наоѓа на четврто место со 16 бодови, односно еден помалку од Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, како и четири помалку од лидерот Реал Сосиедад.