Димитриевски доби црвен картон зашто му кажа на судијата дека е - макро!? (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски заработи црвен картон во мечот против Леганес, кој го загуби Рајо Валјекано со 0-1.

Димитриевски најпрво доби жолт картон, по што следеше и црвен во 63. минута, а како причина за тоа е навредата од страна на македонскиот голман.

Столе на главниот судија Пријето Иглесијас му кажал дека е макро, по што тој се изнервира и го исклучи голманот.