Дибала објави дека се излечил, но Ковид19 не мисли така!

Аргентинскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Пауло Дибала, повторно излезе дека е позитивен на коронавирус, иако пред само неколку дена се пофали дека успеал да ја победи епидемијата.

Токму поради ова, тој заедно со својата девојка, Оријана Сабатини, се врaтија во изолација.

На 21 март направивме тестирање со мојот дечко и бевме позитивни. Пред три дена направивме уште едно тестирање кое излезе негативно, но сега имаме и трет тест - позитивен. Сè уште имаме коронавирус. Не знам како се случи тоа. Сега ни преостанува да ви кажам дека ќе останеме дома најмалку уште две недели, истакна девојката на фудбалерот.