Дибала донесе одлука да го напушти Јувентус?

Пауло Дибала по се изгледа донесе одлука да го напушти Јувентус во летниот преоден рок. Аргентинецот е еден од тие фудбалери кои се отпишани во редовите на „старата дама“ и затоа тие ќе се обидат да го продадат во летниот преоден рок.

За Дибала владее голем интерес. Тој се поврзуваше со Атлетико Мадрид кој го гледа како замена за Антоан Гризман, но на крајот може да заврши во Манчестер јунајтед. Италијански „Тутоспорт“ пишува дека братот на Дибала, кој воедно е и негов агент, Густаво, веќе некое време е во контакт со „ѓаволите“ па затоа има можност Аргентинецот да заврши на „Олд трафорд“.