Ди Марија: Моето со Реал заврши, не би имал проблем да играм за Барселона

Анхел ди Марија своевремено беше еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, но утре на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува како фудбалер на ПСЖ во рамки на Лигата на шампиони. 

Аргентинецот нема никакви емоции кон „кралевите“ и вели дека не би имал проблем да игра за Барселона. Тој беше пред трансфер на „Камп Ноу“ изминатото лето по доаѓањето на Нејмар во ПСЖ, но зделката не се реализираше.

„Мојот однос со Реал Мадрид е завршен, бидејќи мојот престој таму заврши пред неколку години. Искрено, не би имал проблем да играм за Барселона, напротив. Единствениот клуб за кој не би можел да играм е Нуел Олд Бојс, бидејќи сум голем навивач на Росарио Централ“, изјави Ди Марија.

Оваа негова изјава сигурно нема да биде добредојдена кај навивачите на Реал Мадрид.