Дебитантот Лонгстаф го сруши Манчестер јунајтед (ВИДЕО)
Голот беше дело на дебитантот Метју Лонгстаф, кој погоди од далечина во 72-та минута. Тој со 19 години и 199 дена стана најмладиот стрелец на својот дебитантски настап во Премиерлигата.
Манчестер јунајтед можеби имаше повеќе одиграта, но една контра беше кобна за гостинскиот тим, кој продолжува со очајната игра сезонава. „Црвените ѓаволи“ со овој пораз остануваат на 12-тата позиција на табелата со само девет освоени бодови. Ова беше трет натпревар по ред без победа за тимот на Оле Гунар Солшер. Њукасл со овие три бода се искачи на 16-тата позиција со осум бодови.