Деби гол за Лука Станковски во турската Суперлига (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски денеска го постигна првиот гол за Газијантеп и воедно во турската Суперлига. 

Нашиот фудбалер погоди во 41.минута за да му донесе на својот тим водство од 1-0 против Ризеспор.

За Станковски ова беше прв старт во почетниот тим оваа полусезона по трансферот од Работнички во јануари, а вкупно четврти настап.