Дебакл за великанот: Баерн прегазен на „Алијанц“ од Борусија Менхенгладбах (ВИДЕО)

Германскиот великан Баерн Минхен заборави да победува во последните две недели, па денеска доживеа нова шлаканица во Бундеслигата со поразот на „Алијанц Арена“ со 0-2 од Борусија Менхенгладбах.

Баварците под кормилото на Нико Ковач тргнаа фуриозно во сезоната, но од ремито со Аугзбург дома (1-1) сè тргна надолу, па ова е втор пораз во низа во Бундеслигата од четирите вкупно без триумф. Во минатата недела Баерн загуби од Херта со 0-2, а потоа играше само 1-1 со Ајакс во Лигата на шампионите.

Вечерва шокот им беше за шест минути уште незагреани. Не стигна мечот ни до четвртина, а Баерн се најде во негатива од два гола. Прво Алесан Плеа најави сензација со голот во 10-та минута, а Ларс Штриндл до 16-та веќе зголеми на 2-0 за гостите. И кога сè веќе беше решено, во самиот финиш од мечот Патрик Херман во 88-та минута го круниса дебаклот на баварската гордост.

Баерн со поразот остана на 13 бода и сега е петопласиран, а Менхангладбах со триумфот стигна на 14 бода и второ место зад лидерот Борусија Дортмунд со 17 бода.