Де Зерби по бунтот во Марсеј: Ме претставуваат како криминалец, не е фер!

Француските медиуми пишуваа дека во понеделник се случил бунт меѓу фудбалерите на Олимпик Марсеј, откако тренерот Роберто Де Зерби пристигнал во тренинг-центарот, но им кажал дека нема да ги тренира.

„Л’Екип“ го нападна Де Зерби и пишуваше дека тренерот наводно им кажал на своите фудбалери дека тој не го гледа неговото семејство, па не заслужуваат ниту тие да го имаат тоа задоволство по поразот од Ремс.

„Имав тешка недела, како и останатите. Јасно ќе ви кажам што се случи. Сакам да го извлечам максимумот од моите фудбалери. Одлуката ја носам во корист на клубот. Добив поддршка од луѓето на врвот, но и од дел од играчите. Веќе неколку дена гледам што се случува на тренинзите. Не може тренер секој ден да зборува. Со екстремни методи се трудам да го донесам Марсеј до целта. Некои ме прават криминалец, но не е фер, јас сум добар човек“, кажа Де Зерби.