Де Роси ја препороди Рома: Дибала со хет-трик го расплака Торино
Избраниците на Де Роси останаа во игра за топ-4 и пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), а на дуелот против Торино блесна Пауло Дибала кој постигна хет-трик.
Аргентинецот од пенал во 42. минута донесе водство од 1-0, а само две минути подоцна Торино конечно искористи една од своите шанси преку Запата за да израмни на 1-1.
Дибала на почетокот на вториот дел ги враќа Римјаните во водство од 2-1, а потоа Аргентинецот го комплетира и хет-трикот против гостите. Сепак, Торино во завршницата од дуелот погоди за 2-3 и ја врати неизвесноста во судиското надополнување, но немаше за и за трет погодок во мрежата на Свилар.
Рома е на шестата позиција со 44 бодови, односно четири помалку од четвртопласираната Болоња, додека Торино остана на 10. место со 36 бода.