Де Лихт: Роналдо ме праша дали доаѓам во Јувентус

Холандскиот репрезентативец Матијс де Лихт е најбараниот фудбалер моментално на фудбалскиот пазар по неговите фантастични настапи за Ајакс изминатите неколку сезони. 

Тој веќе е и столб на „портокаловите“, а по завршувањето на синоќешното финале во Лигата на нации, фудбалерот имал изненадувачки разговор со Кристијано Роналдо. 

Новинарите се интересираа дали Роналдо го прашал за евентуален трансфер во редовите на Јувентус.

„Тоа можеби е вистина, бидејќи јас од прва не го разбрав најдобро. Бев малку шокиран, па се насмеав, но не кажав ништо. По завршувањето на натпреварот не сте премногу загрижени за такви работи, туку сте разочаран од поразот и тоа е единственото нешто на што мислите“, рече Де Лихт.