Давид Атанасковски кариерата ја продолжи во Романија

Maкедонскиот 27-годишен фудбалер Давид Атанасковски кариерата ја продолжува во романскиот Поли Јаши.

Во Романија, Атанасковски пристигнува од Партизани Тирана. Трансферот на Атанасковски беше потврден на официјалните канали на клубот.

„Дефанзивецот Давид Атанаскоски потпиша договор со нашиот клуб, минатата сезона настапуваше за Партизани Тирана, вицешампион во Албанија“, објави помеѓу другото романскиот клуб.

За Партизани Атанасковски запиша и седум настапи во европските квалификации. Своевремено беше дел од У-21 репрезентацијата на Македонија, а настапуваше уште за: Македонија Ѓорче Петров, Хоризонт Турнов, Тетек и Шахтјор Караганди од Казахстан.