
Да имало ВАР во ЛШ/КШ од 1955 наваму - Милан ќе беше најтрофеен! (ФОТО)
Меѓународната федерација на фудбалска историја и статистика (ИФФХС), се обиде да даде одговор на тоа прашање, правејќи нова распределба на титулите во Лигата, односно Купот на шампионите, почнувајќи од 1955 година. Според овој нов поредок, најголемиот губитник е Реал Мадрид, бидејќи од актуелниот 14 титули би загубил дури девет?! Најтрофејниот клуб во Европа би бил Милан со осум шампионски пехари, Барселона би добила две нови и би имала седум, а Ливерпул и Баерн би останале на по шест.
Се разбира, ова значи дека со ВАР би се поправиле некои грешки, кои би влијаеле на резултатот и на конечниот епилог на натпреварите, па поради тоа и победниците и освојувачите би биле различни.