Чурлинов дефинитивно во Барнли: Трансфер од пет милиони евра и договор до 2026 година! (ФОТО)

Иако вчера германските медиуми објавија дека има усмен договор со Андерлехт и дека се чека белгискиот гигант да понуди помеѓу четири и пет милиони евра за македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, офанзивното крило е на пат кон – Велика Британија. „Германски Скај“ објави дека е постигнат договор за трансфер од Штутгарт во Барнли.

Германски „Спорт 1“ и „Скај Спорт Германија“ објавија дека Чурлинов веќе утре може да замине на лекарски прегледи во Англија, зашто трансферот е договорен, кој ќе чини скоро пет милиони евра, а веќе е договорена четиригодишна соработка до 2026 година.

„Дарко Чурлинов е на чекор до Барнли. Гарантиран приход од околу 5 милиони евра. Според нашите информации, договор до 2026 година. Утре еден од хероите на Шалке 04 би можел да оди на лекарски прегледи во Англија“, објави Патрик Бергер од „Спорт1.де“.

„Готово е. Изненадувачки Чурлинов оди на перманентен договор во Барнли за повеќе од пет милиони евра со бонуси. Андерлехт е во аут“, објави Флоријан Плетенберг, новинарот на германски Скај.