Чудо од дете: Халанд е машина - со четири гола ја потопи Херта! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше со 5-2 против Херта во осмото коло од германската Бундеслига, а дури четири погодоци беа дело на неверојатниот Ерлинг Халанд.

Херта имаше водство со голот во 33. минута (1-0), но потоа на сцена настапи Халанд, кој за две минути постигна два гола и направи целосен пресврт (2-1).

Сепак, норвешкото чудо од дете тука не запре, туку во 62. минута стигна до хет-трик (3-1), по што Гуереро зголеми на 4-1. Херта потоа намали на 2-4, но Халанд со уште еден гол стрелаше за 5-2.