Четврто реми по ред за Рајо: Ен Незири го матира Димитриевски во 96. минута (ВИДЕО)

Рајо Валјекано прокоцка победа против Севилја во 96. минута (2-2) на гостувањето во Андалузија во рамки на деветтото коло на шпанската Ла Лига.

Екипата на Столе Димитриевски поведе со 2-0 во првиот дел, откако стрелаа Валентин и Гарсија, по што следеше жесток притисок од страна на Севилја.

Севилја намали на 1-2 во 50. минута, по што Димитриевски го одржуваше Рајо во игра сè до 96. минута кога беше совладан по вторпат, и тоа овој пат од Ен Незири.

Рајо е на седмата позиција со 13 бодови, додека Севилја е на 13. позиција со осум бода.