Челси сака да се спогоди со Стерлинг - да му даде 10, наместо 30 милиони евра!

Еден од фудбалерите на Челси, Рахим Стерлинг не успеа да пронајде нов ангажман во летниот преоден рок и остана во Лондон, но тоа не е во интерес на ниту една страна.

Раководството на светскиот клупски шампион поради тоа почна преговори со менаџерот на Англичанецот во обид да ја прекинат соработката.

Англиските медиуми пишуваат дека Челси му понудил 10 милиони евра на Стерлинг за да го прекинат договорот кој трае до 2027 година.

Фудбалерот на таков начин ќе добие можност слободно да си бира нов клуб, а притоа ќе заработи 10 милиони евра.

Стерлинг, според договорот со Челси, до 2027 година треба да заработи дури 30 милиони евра, но Англичанецот наводно е подготвен на прекин на соработката.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club