„Сините“ подобри пеналџии од Лион (ВИДЕО)

Челси славеше против Лион на пенали откако натпреварот заврши без голови по 90 минути. Ова беше последен дуел за „сините“ во рамки на Интернационалниот куп на шампиони. 

Во пенал-рулетот беше 5-4 за премиерлигашот, а единствениот кој не реализираше од белата точка за Лион беше Диоп, односно Роберт Грин успеа да одбрани.