Челси конечно не загуби во ПЛ, но за Европа го чека тешка борба! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул и Челси денеска ремизираа 1-1 во дербито со кое беше отворен 36. коло во Премиер лигата.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме, прво Гравенберх по само шест минути постигна атрактивен гол со удар од далечина и го отвори резултатот.

Челси успеа да го изедначи резултатот во 35. минута кога по еден прекин одбраната на домаќините лошо реагираше и топката која ја испрати Енцо Фернандез заврши во голот. Прво се мислеше дека Фофана е стрелец на погодокот меѓутоа, се покажа дека тој не ја допрел топката.

На стартот од вториот дел по само четири минути игра се тресеше мрежата на Ливерпул, меѓутоа тој гол на Палмер беше поништен поради недозволена позиција.

Во продолжение речиси и да немаше посериозни прилики и на двете страни, ВАР се гледаше и во финишот за потенцијален пенал за Челси меѓутоа се процени дека немало доволно контакт.

Ливерпул со овој бод дојде до 59 на четвртата позиција и е речиси сигурен патник во Лигата на шампионите бидејќи Бормут на шестото место со натпревар помалку има седум бода помалку. Челси од друга страна ја прекина серијата од шест порази во Премиер лигата, меѓутоа за место до Европа до крајот го чека тешка борба.

Фото: Liverpool FC/FB