Челси има тројца кандидати за нов тренер, едно име отпадна од списокот!

Англискиот гигант Челси неодамна го отпушти Маурицио Покетино, по што почна потрага по нов тренер, а на списокот се наоѓаа четири потенцијални кандидати.

„Би-Би-Си“ објави дека од списокот отпаднал Киран Мекена од Ипсвич, па така остануваат уште тројца потенцијални замени за Покетино.

Раководството на премиерлигашот во следниот период ќе има состаноци со Роберто Де Зерби, Енцо Мареска и Томас Френк, по што ќе донесе одлука кој ќе седне на „жешкото столче“.