Чави нема да може да смета на еден од најдобрите играчи до 2022 година

Чави Ернандез засега има позитивен старт на својата тренерска кариера на клупата Барселона со победа од 1-0 против Еспањол и реми со Бенфика 0-0 во Лигата на шампиони. 

Клупската легенда сепак има голем проблем, бидејќи не може да смета на Педри, кој е еден од најдобрите играчи во тимот. Младиот фудбалер два пати ја обновува повредата изминатиот период, па докторите сега препорачуваат тој да паузира барем до почетокот на 2022 година. 

Медицинскиот тим на Барселона сака од почеток да ја стартува рехабилитацијата на 18-годишникот и да не брза со неговиот кам-бек на теренот.

Очигледно Педри го плати данокот на многуте одиграни натпревари оваа календарска година. Освен што беше стандарден за Барселона, тој цело лето играше за шпанската репрезентација, односно настапи на Европското првенство, а потоа и на Олимписките игри.