Чави има порака за новиот тренер на Барселона

Чави Ернандез заминува од кормилото на Барселона, на негово место ќе биде назначен германскиот стратег Ханси Флик.

По вчерашниот меч на Барселона, Чави испрати порака за новиот тренер.

„Треба да знае дека ситуацијата е тешка, Барса ионака е тешка за водење, но ситуацијата ја прави уште потешка. Тој треба да работи напорно бидејќи не е лесно“, рече Чави запрашан дали има порака за новиот тренер.

Тој уште еднаш потенцира дека сакал да остане и нејасно му е зошто неговите зборови креирале земјотрес.

„Дали се чувствувам повторно жив? Не бидејќи сакав да останам, но ми рекоа дека не можам. Уште од првиот ден моите зборови генерираат земјотрес. Навистина не знам зошто“.