
Чави и Гундоган посочија иста слаба точка за поразот од Жирона
Жирона победи со 4-2 на Монжуик, а Чави и Гундоган како причина за поразот ја наведоа слабата одбрана. Нереално е Каталонците да примат четири гола на домашен терен.
„Плативме за грешките кои ги направивме во одбраната. Тие се важни детали“, изјави Чави по мечот.
Истото го кажа и Гундоган кој беше стрелец на вториот погодок за Барса.
„Загубивме поради дефанзивните проблеми. Колективно не се браневме како што очекувавме“, рече Гундоган.