Бура на Островот: Тухел е шпион, испратен да ја уништи англиската репрезентација (ВИДЕО)

Славниот англиски стручњак Хари Реднап предизвика бура во Англија, зборувајќи за новиот селектор на репрезентацијата на оваа земја Томас Тухел.

Германецот официјално ја презеде функцијата на 1 јануари оваа година, а Реднап и пред неговото назначување беше остар противник на тоа, тој да биде селектор. Сепак, со својата последна анализа, поранешниот менаџер на Тотенхем, Портсмут и други можеби малку претера и покрај тоа што некои сметаат дека кажаното е на шега.

„Ми се допаѓаше Герет Саутгејт, многу ми се допаѓаше, но моравме да освоиме нешто. Да бидам исрек, мислам дека Тухел е германски шпион. Сериозно, испратен е да не уништи, тој е како лордот Хау-Хау за време на војната. Оди таму и уништи ги. Ја!“, рече Реднап и ја крена раката, а многумина во тоа видоа нацистички поздрав.

Тухел е првиот Германец на клупата на англиската репрезентација и вкупно трет странец, по Фабио Капело и Свен Горан Ериксон.