Брозовиќ направи нов скандал: Хрватот пијан дивеел во болница!

Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ повторно направи голем скандал.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Брозовиќ во алкохолозирана состојба отишол во болница, каде барал преку ред да му се дозволи да го посети својот пријател.

Беше немирна ноќ за Хрватот. Брозовиќ дивееше во болница и бараше преку ред да го посети својот пријател, 42-годишен Хрват со повреда на ногата. Тој беше толку напорен што лекарите мораа да повикаат полиција, пишуваат италијанските медиуми.

Брозовиќ е познат по постојаните проблеми со алкохолот и однесувањето. Пред 14 дена беше казнет со парична казна од 100.000 евра за возење во алкохолизирана состојба.

Неговата возачка дозвола му е одземена на шест месеци, а воедно остана и без автомобилот од марката „Роли Ројс“ чија вреност изнезува 300.000 евра. И покрај тоа што вети дека ќе пие само вода, сепак повторно се врати на својот порок.