
Брентфорд го сопна Арсенал во трката за титулата во лигата (ВИДЕО)
„Топчиите“ доминираа во првото полувреме, а успеаја и да ја затресат противничката мрежа, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.
Арсенал конечно до водство стигна во 61. минута кога Парти стрелаше за 1-0, а Брентфорд имаше само една шанса во второто полувреме и ја искористи преку Виса за конечни 1-1.
Избраниците на Микел Артета остануваат на втората позиција со 63 бодови, односно 10 помалку од лидерот Ливерпул.
Фото: EPA PHOTO