Браќата Вилијамс го водеа Атлетик Билбао до трета победа во низа (ВИДЕО)

Атлетик Билбао ја победи Алмерија со убедливи 4-0 во рамки на 7.коло во Ла Лига. 

Ињаки Вилијамс го најави триумфот во 10.минута, а само седум минути подоцна Оиан Сансет зголеми на 2-0. По нешто повеќе од еден час игра во мрежата на гостите погоди и Нико Вилијамс, а точка на победата на Баскијците стави Микел Весга во 84.минута од пенал. 

За Билбао ова беше трета победа во низа и сега се наоѓа на 3.место на табелата во Ла Лига со 16 бодови, колку што има и Барселона на втората, но и натпревар помалку.