Бонучи конечно откри зошто замина од Јувентус во Милан

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи ги изненади сите минатото лето кога го напушти клубот од Торино и замина во Милан.

Италијанецот постојано се обидуваше да сокрие која била вистинската причина поради напуштањето на „Старата дама“, но конечно откри за што станува збор.

„Некои работи кои се случија во последните четири месеци многу ме повредија. Ми ја навредија гордоста, а јас не бев доволно паметен да преминам преку нив. Со тек на време сфатив дека донесов погрешна одлука“, кажа Бонучи.

Бонучи призна дека Јувентус е неговиот дом и дека чувството да се дели соблекувалната со неговите соиграчи е прекрасно.

„Само во Јувентус можам целосно да го покажам својот потенцијал. Среќен сум што се вратив. Овде е мојот дом, каде што ме пречекуваат истите лица и прегратки. Убаво е да се биде тука, а уште подобро во соблекувалната со Барзаљи и Кјелини“, кажа искусниот стопер.