Бомбата пред експлозија: Мбапе му најавил на Зидан дека ќе побара трансфер во Реал!

Само еден ден откако угледниот француски магазин „Франс Фудбал“ објави дека Реал Мадрид има подготвено 280 милиони евра за да го урне светскиот рекорд на Нејмар и да го купи Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, шпански новинар објави дека најавената бомба сè поизвесно ќе се реализира.

Мбапе е голема желба на Зинедин Зидан, а и самиот француски фудбалер нема ништо против да игра во најголемито светски клуб, особено што Реал преку посредници веќе му порачал дека ќе добие многу повеќе пари од тоа што го заработува на „Паркот на принцовите“. И според Едуардо Инда, трансферот на Мбапе на „Сантјаго Бернабеу“ е многу поблизу до реализација од тоа што се претпоставуваше.

Тој во емисијата „Ел Чирингито“ објави информации дека суперталентот веќе имал разговори со Зидан и дека му порачал на француската легенда дека ќе поднесе барање кај газдата Насер Ал Келаифи да биде продаден. Инда посочил и дека Ал Келаифи е подготвен да преговара, ама за Мбапе бара двајца фудбалери – Иско и Хамес Родригез.

Проблем е што Зидан не сака да се откаже од Иско, а компликувана е ситуацијата со Хамес, чиј трансфер виси поради тоа што Баерн има опција за 42 милиони евра да го откупи, но и понатаму во Баварија размислуваат за таа аопција. Ако се откажат, тогаш Реал ќе може да го прати во ПСЖ.

Инаку според вчерашните најави, Реал Мадрид подготвил 280 милиони евра за Мбапе.