Болт има луда идеја: Сака трка на стотка со три големи фудбалски суперѕвезди!

Јусеин Болт даде интервју за официјалната страна на ФИФА пред доделувањето на наградата за најдобриот, а притоа одговараше прашања и откри зошто не градел кариера во фудбалот.

Потоа откри и против кои три фудбалери би сакал да се трка на 100 метри.

„Би сакал да играм фудбал, но во мои години постојат други обврски, па не можам доволно да се посветам. Без оглед на тоа, ќе играм на пријателски и хуманитарни натпревари. Инаку, би се тркал на 100 метри со Герет Бејл, Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе“, вели Болт.