Болоња се бори за Ибра, но неговата иднина зависи од - сопругата!?

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ на крајот на декември ќе стане слободен фудаблер, зашто му завршува соработката со Лос Анџелес Галакси.

Американскиот клуб минатата недела потврди дека Ибра нема да остане и дека веќе бара нов клуб и најверојатно ќе се врати во Серија А.

Од Италија интерес покажаа Наполи и Милан, а во борбата се вклучи и Болоња. Сепак, „Газета дело Спорт“ објави дека сопругата на Швеѓанецот решила да се преселат во Милан, па најверојатно Ибра ќе го облече дресот на „росонерите“.