Боксерска тепачка на англиско-шпански пријателски меч во фудбал (ВИДЕО)

Фудбалерот на Вест Бромвич Албион (ВБА), Џејсон Молумби, прво се обиде да го удри со глава, а потоа со тупаница го погоди играчот на Мајорка, Саму Коста, со што предизвика тепачка за време на претсезонскиот пријателски натпревар одигран денеска во Англија.

Причина за ваквата реакција е опасниот старт на фудбалерот на шпанскиот тим, по што дојде до немили сцени и предвремен крај на првото полувреме и тоа пет минути пред истекот на предвиднеите 45 минути.

Второто полувреме започна без двајцата воинствени фудбалери, а Мајорка во 65. минута го постигна победничкиот гол на оваа (не)пријателска средба.