Бизарно: Нојер се повреди додека прославуваше гол!

Мануел Нојер најверојатно ќе треба да паузира извесен период откако заработи повреда прославувајќи го голот на Мусиала во победа на Баерн Минхен над Баер Леверкузен од 3-0.

Баварците со 3-0 го совладаа својот ривал од Бундеслигата, а црна точка на мечот беше повредата на Нојер.

При вториот погодок за Баварците кој го постигна Мусиала, Нојер се повреди трчајќи при прославата. По што мораше да биде заменет, а веројатно и ќе пропушти неколку идни натпревари.

„Точно е дека Нојер се повреди при прославата на голот, но засега немаме подетални информации, се чини дека е мускулот на ногата. Ќе чекаме да видиме колку ќе паузира“, потврди тренерот Компани по мечот.