Бивш репрезентативец го претепа судијата, па доби обвинение за – обид за убиство!

Поранешниот руски репрезентативец и капитен Роман Широков ја шокираше целата светска јавност откако на хуманитарен меч го претепа судијата до таа мера за да го прати во болница, па сега се соочува со тешко обвинение – обид за убиство.

Широков пред неполн месец до толку се исклучи на хуманитарниот меч, што го претепа судијата зашто тој му покажал црвен картон, па прво го удри во глава, потоа го шутираше во тело додека несреќниот арбитар лежеше на земја.

И за целиот скандал, постои и видео, ама сега проблемите на Широков допрва почнуваат.

Екс-рускиот репрезентативец не може да демантира дека не го претепал сдијата бидејќи има видео снимки, но поголемиот проблем е што јавното обвинителство ова го третира како обид за убиство од причина што судијата Никита Данченков дури три недели лежел во болница поради повредите.

Инаку Широков после инцидентот експресно бил избркан од телевизиската станица „Меч ТВ“ за која работел како коментатор.