Од Лајпциг го демантираа Романо и го нарекоа - самопрогласен експерт!
Минатата недела Фабрицио Романо, го кажа неговото: „HERE WE GO“ за трансфер на Диоманде во Реал Мадрид. Сите фудбалски фанови знаат дека тоа значи дека е постигнат договор за трансфер.
Романо влезе во дуел на социјалните мрежи со неколку колеги кои тврдеа дека трансферот не е договорен.
Синоќа се појави вест дека поранешниот агент на Диоманде прави проблем за реализација на трансферот и испратил некаква жалба за ФИФА.
Па се чинеше дека клубовите се договориле, но се чека да се отстрани пречката со поранешниот агент на фудбалерот.
Сепак денеска спортскиот директор на Лајпциг, Марсел Шефер се изјасни за трансферот и удри по романо.
„Некои самопрогласени експерти за трансфери пред неколку дена објавија дека договорот е завршен или дека е дадено зелено светло. Но едноставно тоа не е точно. Се уште не сме стигнале до таа фаза“ – вели спортскиот директор на „биковите“, Марсел Шефер.
Тој негира и дека трансферот е блокиран од поранешниот агент на Диоманде.
„Од тоа што јас го знам, ова не е точно. Имаше промена на агентот. Јан не извести дека во иднина треба да комуницираме со „Рок Нејшон“. Не верувам дека евентуален трансфер би пропаднал поради ова, ако воопшто можеме и да зборуваме за трансфер кој треба да се реализира“.