„Воинот од Македонија“ на мисија во Индонезија: Ашковски има нов клуб (ВИДЕО)
Ашковски ја продолжува кариерата во редовите на ПСС Слеман од Индонезија, кој го претстави фудбалерот како „Воинот од Македонија“.
Искусниот фудбалер ќе испише уште една страница во неговата интернационална кариера, откако претходно настапуваше во повеќе различни првенства.
Ашковски досега играше за Телеоптик, Партизан, Шкендија, Нови Пазар, Фортуна, Славија Софија, Ботошани, Алашкерт, Етникос Ахна, Раднички Ниш и други екипи.
Фото: PSS Sleman/Facebook