Шкендија ги избегна гигантите: Тетовци дознаа што ги чека ако го елиминираат Хибернијан!

Македонскиот вицешампион Шкендија на денешната ждрепка во Конференциската лига на УЕФА дозна со кого би можел да игра во плејофот доколку претходно го елиминира шкотски Хибернијан.

Тетовци пред себе веќе имаат голем предизвик со шкотскиот тим во третото квалификациско коло, додека во плејофот би играле со подобриот од мечот меѓу Гетеборг или Гент.

Првите натпревари за пласман во групната фаза на натпреварувањето се игра на 20 август, додека реваншите се една недела подоцна.

Ова е на некој начин поволна ждрепка за тетовци со оглед на тоа дека можеа да им се паднат гиганти како Монако, Салцбург и Брајтон.

Фото: ФК Шкендија