Билиќ се враќа во Премиер лигата!?

Дел од англиските медиуми шпекулираат дека хрватскиот стратег би можел да се врати во Премиер лигата и повторно да седне на кормилото на Вест Хем кој се најде во зоната на испаѓање.

Вчерашниот убедлив пораз од Вулвс го вклучи алармот во Вест Хем, наскоро се очекува тренерска смена. Деновите на Нуно Еспирито Санто се избројани и се чини дека нема уште долго да седи на кормилото на чеканите.

Како главен кандидат за негов наследник се споменува Славен Билиќ кој во моментов е без ангажман. 

Се верува дека Билиќ е вистинскиот тренер кој во овој момент може да го крене Вест Хем.

Билиќ од 2015 до 2017 година беше тренер на Вест Хем за кој настапуваше и како фудбалер. Тој во Англија ги водеше и тимовите на Вест Бромвич и Ватфорд.