„Билд“ открива: Поради неколку причини Гвардиола ќе се врати во Баерн

Првиот избор на Баерн како наследник на Нико Ковач е Пеп Гвардиола, пишува најчитаниот германски весник „Билд“, додавајќи дека веќе е започната операцијата за враќање на Шпанецот со германскиот клуб со кој освои три титули во Бундеслигата и два пехара во Купот од 2013 до 2016 година.

Истиот извор наведува дека раководството на Баерн е во постојан контакт со Гвардиола, и така тие дознаваат дека тој повеќе не е среќен во Манчестер Сити. Фактот дека ги вратил сопругата и децата во Шпанија е еден од доказите за тоа, па на големо се зборува за неговото заминување од Англија. Што се однесува до врската на Пеп со Минхен, тој останува среќен што дошол во овој град каде што има и стан.

Но, Германците веруваат дека враќањето на Гвардиола во Минхен е можно од уште три причини, покрај неговите секојдневни симпатии кон тој град и Баерн. Кога заминуваше од таму пред три години, Пеп изјави: „Ќе се вратам во Германија“. Понатаму, во Баерн, и покрај неговиот домашен успех, тој не ја освои Лигата на шампионите, па сметаат дека недовршената работа може повторно да го донесе таму. На крај, Гвардиола постојано изјавува дека по три години во еден клуб се чувствува заситен, а таа година му истекува оваа сезона во Сити.