Берлускони: Не го гледам Милан, не игра фудбал што ми се допаѓа

Силвио Берлускони цели 30 години беше претседател и сопственик на Милан, а под негово водство клубот освои голем број трофеи во Серија А и Лигата на шампионите.

Тој откако минатата година го продаде клубот на кинеска компанија изјави дека повеќе не може да ги гледа натпреварите на Милан, бидејќи не му се допаѓа неговиот стил на игра.

„Не ги гледам повеќе, бидејќи нивниот стил на игра се коси со сите мои фудбалски принципи со кои јас станав најуспешниот претседател во историјата на Милан. Тие не го следеа мојот совет“, изјави Берлускони.