Бензема го прекина молкот: Сè е лага!
Бензема реши да го прекине молкот и кажа дека сите шпекулации се лажни, односно не планира да се врати во Европа.
„Немам проблеми со тренерот. Сè е лага, доста е. Среќен сум во Ал-Итихад. Лажни се вестите дека сакам да се вратам во Европа“, кажа Бензема.
Голгетерот досега одигра 22 натпревари за Ал-Итихад, а притоа постигна 12 голови и шест асистенции за тимот.