Белгиецот во аут до крајот на годината: Витсел итно опериран по бизарната повреда! (ФОТО)

Германскиот гигант Борусија Дортмунд ќе остане без услугите на Аксел Витсел до крајот на годината.

Белгиецот во саботата настапи за „Милионерите“ на натпревар против Фортуна Дизелдорф, но потоа на бизарен начин се повредил во својот дом. Имено, германските медиуми пишуваат дека Витсел паднал на лицето по што завршил на интензивна нега и имал мал оперативен зафат.

Не можевме да разговараме со него, бидејќи беше на интензивна нега во болницата. Тој нема да игра до крајот на годината. Навистина голема штета за него и за нас. Тој е важен играч во тимот. Се надевам дека ќе се врати што е можно поскоро, изјави тренерот на Дортмунд, Лусијан Фавре.

Витсел пристигна во Борусија Дортмунд од кинескиот Тијанхај во 2018 година, а оваа сезона забележа 21 настап и постигна три гола и забележа три асистенции.