
Бејл откри каде сака да ја заврши кариерата и – сите ги шокира!
Но, иако вестите дека Бејл ќе си оди од Реал секојдневно ги преплавија медиумите, Велшанецот има поинаква желба, а неговиот менаџер јавно ја соопшти и – сите ги шокира. Бејл сака да остане во Реал до крајот на кариерата.
„Герет сака до крај на кариера да остане во Реал. Ако тоа не е можно, повторно ќе разговараме со Реал за такво нешто“, рекол Џонатан Бенет, менаџерот на Велшанецот, кој неодамна удри по навивачите за свирежите кон фудбалерот по последното „ел класико“.
Сега останува да се види дали Бејл и Реал ќе се договорат, но враќањето на Зинедин Зидан на клупата значи дека велшката ѕвезда нема да има голема минутажа. Наводно Зидан не еголем фан на Бејл, а тоа се покажа и во првиот мандат, па Французинот ќе сака да го продаде.
„Герет ќе разговара со Зидан за иднината, па на крајот на сезоната ќе видиме што е и дали можеме да се најдеме. Ама прва опција е да се остане во Реал. Претходното недоразбирање е што Бејл сакаше да игра на еден начин, а Зидан на друг. Тоа недоразбирање со текот на времето се разговуваше, но може да има пресврт. Ако му се даде шанса некое време, тој може да биде како Кристијано Роналдо. Мислам дека заслужува поголема почит и шанса од медиумите. Само видете го неговиот скор откако е во Мадрид“, додал Бенет.
Бејл има 101 гол за Реал, беше херој во последната европска круна со два гола.