Баскија слави: Атлетик Билбао во трилер меч по два часа ѝ го зема Суперкупот на Барса (ВИДЕО)

Баскиската гордост Атлетик Билбао е победник на годишениот Суперкуп на Шпанија откако во трилер меч по два часа фудбал, ја победи Барселона со 3-2 по продолженијата, за буквално да ѝ го земе од рака пехарот во вечерашното финале.

Кога сите очекуваа триумф на Барселона предводена од Ентоан Гризман со два гола, следеше шок за Каталонците, по кој Билбао психолошки го искористи моментот за да стигне до пехарот. Во 90-та минута, Асиер Вилалибре погоди за израмнување на 2-2 и продолженија, на асистенција на Икер Муниаин, а четири минути по стартот на продолженијата, плејмејкерот Муниаин подготви шанза за Ињаки Вилчијамс кој постигна трет гол, клучен и победнички за триумфот на Баскијците.

Претходно Гризман погоди за водство во 40-та минута, а Атлетик две минути подоцна израмнија преку Де Маркос и потоа ВАР им поништи гол во 57-та минута (Гарсија), за Гризман на 13 минути пред крајот вторпат да ѝ донесе водство на Барса. Но, наместо славје во Каталонија, следеше трилеот во завршницата, израмнувањето на баскиската гордост, а експресно потоа и водството за конечен триумф на крајот.

Барселона со новиот пораз од кој останува без трофеј само ја продолжува својата мизерија во изминатиов период, покажувајќи дека Каталонците се далеку од екипата која жареше и палеше во Шпанија и собираше трофеи.

Меси во 120-та минута доби и црвен картон.