Барселона се потсети на головите на Икарди во Ла Масија (ВИДЕО)

Барселона не настапува како што се очекува од нив сезонава, а дополнителен проблем сега им претставува и повредата на Лионел Меси пред дербито во Лигата на шампиони против Интер.

Интер изненади во првите две кола во европското натпреварување, па сега ќе се соочат со поголем предизвик, а сите се надеваат дека Мауро Икарди ќе биде добар и против Каталонците и ќе постигне некој гол.

На Икарди инаку нема да му биде необично во Барселона, зашто веќе настапуваше за младинските категории на клубот. Аргентинецот во 2008. година беше член на Ла Масија до 2011. година, а потоа се пресели во Сампдорија.

Барселона реши да се потсети на неговите голови кои Икарди ги постигна додека играше во Ла Масија, но сигурно аргентинскиот напаѓач ќе бара одмазда во среда.