
Барселона сака нов голман, прва желба е - Де Хеа!
Во наредните денови ќе биде извршена операција врз Марк Тер Штеген, тој ќе биде надвор од теренот околу 2-3 месеци.
Барселона сака да најде краткорочно решение за голманската позиција.
Каталонскиот медиум „Спорт“ тврди дека прв на листата е Давид де Хеа кој е слободен агент, па веднаш би можел да потпише за клубот.
Покрај Де Хеа, на листата се уште и Рамсдејл, Каспер Шмајхел, Боно и Роман Бурки.
Интерес за Де Хеа има и од Њукасл на кој им се повреди голманот Поуп.