
Барселона преживеа во Памплона: Левандовски од пенал ја скрши Осасуна (ВИДЕО)
До првиот гол се чекаа 46 минути, кога Жил Кунде се постави на вистинско место по еден корнер и со глава ја затресе мрежата на Осасуна.
Осасуна ја врати неизвесноста преку Чими Авила во 76. минута, кој испрати прекрасен удар и го совлада голманот Марк Андре Тер Штеген.
Каталонскиот гигант притисна кон голот на Осасуна во обид да стигне до победа, а Роберт Левандовски од пенал погоди за конечни 2-1.
Барселона има 10 бода на третата позиција на табелата, односно два помалку од лидерот Реал Мадрид.