Барселона после девет години повторно на гостување ќе мора да оди со – автобус

Шпанскиот шампион Барселона после девет годни повторно ќе мора да оди на гостување за свој меч со автобус, зашто во Каталонија има работнички штрајк, поради кој нема да може да полетаат од аеродромот „Ел Прат“ и со чарртер да стигнат до Баскија.

Барселона ја чека пресметка со Еибар пред заминувањето за Прага и дуелот со Славија во третото коло во Лигата на шампионите. После девет години, Каталонците се соочуваат со проблем да мора да патуваат на подолга релација со автобус, како што беше случај во 2010 година кога беа во Милано на пресметката во ЛШ.

Генералниот штрајк во Каталонија прави сериозни проблеми за каталонската гордост, па наместо вообичаен краток лет до Билбао, па 40 километри со автобус до Еибар, Меси и друштвото ќе мора да се возат со автобус најмалку шест часа и да минат скоро 700 километри. Поради генералниот штрајк нема летови ни на „Ел Прат“, а не може да се користи ниту желецницата, со која побрзо би стигнале.

Пред девет години Барселона замина за Милано со автобус, поради тоа што сите авиони беа приземјени од вулканскиот облак предизвикан по еупција на вулкан на Исланд. Барселона тој меч го загуби во Милано со 1-3, тогаш играше и Горан Пандев за „нераѕурите“, а поразот се покажа како клучен за неиграњето во финале за каталонскиот тим, а Интер со македонскиот капитен стигнаа до европската круна во Мадрид во мај истата година.