Барселона ова лето мируваше, но затоа следното ќе активира две „бомби“

Шпанскиот шампион Барселона ова лето не беше премногу активен на трансфер-маркетот, но медиумите пишуваат дека претседателот на клубот, Жоан Лапорта подготвува спектакуларни засилувања за следната година.

Каталонски „Спорт“ објави дека Лапорта обезбедил 200 милиони евра за две засилувања следното лето и притоа да не ги прекрши правилата на Финансискиот фер-плеј.

Барселона планира да ги купи Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид и Алесандро Бастони од Интер, со што тренерот Ханси Флик ќе добие уште посилен состав.